Slider

Лес Коммерце е приватна компанија, која започна со работа во 1991 година.

Во почетокот на својата работа, Лес Коммерце нудеше готови производи како што се дрвени и пластични прозорци и врати, кои биле увезени од европските компании со долга традиција и многу висок квалитет на производите. Од почетокот на своето работење, Лес Коммерце му даде главен приоритет на произведството и ииспораката на високо квалитетни производи и услуги за да ги задоволи барањата на своите клиенти, како и да се надминат нивните очекувања. 

После определен временски период, Лес Коммерце, покрај увозот на готови производи, започна со производство на сопствени производи со користење на увезени профил системи. Фабриката за производството  е опремена со најновата технологија, која е во состојба да одговора на современите стилови на работа. Лес Коммерце е овластен дистрибутер на профил системи за прозорци и врати  во регионот. Долгорочниот успех и стабилност на Лес Коммерце е управуван од силните бизнис основи.

Како една од водечките компании во регионот, во Лес Коммерце, ние сме постојано во потрага за иновации во нашата индустрија. Покрај прозорци и врати од дрво и пластика, во нашиот продажен програм имеме уште многу други производи, како што се: ролетни системи, ламинатни подови, тавански скали и кровни прозорци.

Пронајдете ја совршената боја за вашите прозорци со конфигураторот на боја на Алупласт!